Снеже Велков со моќна порака до понежниот пол: „Ок е, жена си мајку му“

popara15 септември, 20212min0
снеже

Македонската водителка Снеже Велков – блеска, блеска и кога вежба, блеска и кога не вежба, блеска кога готви, блеска кога дели совети….

Денот на Снеже ѝ започнува со физичка активност, па така водителката од раните утрински часови веќе е на терен вози велосипед или пак вежба.

На својот „Инстаграм“ најчесто има објави на кои вежба или пак готви, а многу често се тука и нејзините совети, мудри мисли, посвети кои знаат да допрат.

Така беше и овојпат кога Снеже напиша моќна порака посветена на сите жени.

-Ок е да се скршиш. Ок е да покажеш дека не можеш, не знаеш дека ти е тешко и имаш проблем. Ок е да признаеш дека не умееш да правиш некои работи. Ок е да признаеш дека ти треба поддршка, ветар во грб, потврда, прегратка или бакнеж – да токму од посилниот пол! Ок е да му ги дадеш најтешките кеси на партнерот. Ок е да му побараш помош на другарот или пријателот за прашање поврзано со колата. Ок е да го замолиш случајниот минувач да ти помогне околу паралелното паркирање. Ок е да го нагрнеш големото сако од партнерот ако ти студи. Ок е да го прашаш колегата за мислење ако не си сигурна за проектот. Ок е ако ти се подискриви круната да дозволиш да ти ја намести маж‼

-Ок е да си кревка, нежна, ранлива, напати плачка и по малку размазена ‼
Ок е. Жена си мајку му!

-И не, не труди се да си ,,маж”за да докажеш дека си силна, моќна, способна или дека вредиш. Оти и на тенка штикла и висока платформа сѐ уште можеш да стоиш цврсто и стабилно на земја. И со тесна сукња или долг фустан сѐ уште можеш да правиш големи чекори напред. И знаеш дека и во ,,оние денови” сè уште можеш да го вртиш светот.

-,,И не заборавај и со скршен нокт сѐ уште можеш неодоливо да го чешкаш партнерот. Па жена си мајку му“, напишаа Снеже на Инстаграм.

Се согласувате ли со Снеже?

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma