Во минатото, модните писти беа резервирани само за слаби, високи и млади девојки, но, за среќа, за многумина, времињата се сменија. Плус сајз моделите стануваат се почести, а возрасната граница се урива. Кејти Џејкобс (57) е актерка и успешен претприемач, а неодамна почна да ги побива предрасудите за постарите дами.
Имено, таа на 57 години за прв пат се појави на модната писта и на тој начин стана инспирација за сите жени.
„Бев толку благодарна во тој момент, ги задржав солзите додека излегував“, откри Кети.
Таа влезе во модната индустрија уште во 1991 година како модел на Форд, а минатата година стана најстариот модел на костими за капење.
- Време е да ја преземеме контролата и да му покажеме на светот дека убавината нема старосна граница и дека ниските девојки можат да бидат и модели – рекла Кети, висока 160 сантиметри.
Како што вели, сака да влијае врз девојчињата и жените ширум светот и да им покаже дека се убави онакви какви што се.
„Две работи што не можете да ги промените кај себе се колку години имате и колку сте високи. Поради ставовите што ги наметнува општеството, младите девојки се плашат од стареење, и нема потреба од тоа“ – рече таа.
Луѓето и испраќаат пораки на социјалните мрежи секој ден, најчесто прашувајќи ја која е тајната на нејзиниот изглед.
- Сакам да шетам, редовно одам во теретана и се хранам здраво – заврши Кејти.