Болеста на модерното време – стресот, стана секојдневие за повеќето луѓе. Но, иако некои можат да се борат со тоа, на други пак им создава се повеќе и повеќе проблеми. Алтернативен начин да се ослободи дел од притисокот, кој го користат многу луѓе, е акупресурата, лаички кажано – притискање на одредени точки на телото го ослободува телото од напнатост што ја стимулира циркулацијата и релаксацијата на мускулите.
Не грижете се, за разлика од акупунктурата каде што се користат игли, тука се користат само прсти.
Помага при главоболки, вртоглавица, болка и стрес
Според Stumble Upon, бројни студии покажаа дека акупресурата помага во лекување и превенција на разни болести, а најчесто се користи во терапии за чести главоболки, вртоглавици, болка и стрес.
Важно е да ги знаете петте клучни точки што ослободуваат дел од притисокот, и ако ја извежбате оваа техника, ќе можете да ја примените на себе.
Петте клучни точки
Првата точка
Највисоката точка на мускулот во дланката, откако ќе го припоите палецот до другите прсти. Создадете притисок во таа точка околу 4 до 5 секунди.
Втората точка
Се наоѓа на рамото, за што ви треба асистенција. Со едната рака, цврсто стиснете го мускулот на рамото (за да го „соберете“), а потоа притиснете го тоа место неколку секунди.
Третата точка
Сместена е на стапалото, поточно на точката што е малку оддалечена од местото каде што се среќаваат палецот и вториот прст.
Четвртата точка
Сместена е на вратот, а најдобро ќе ја достигнете ако ги прекрстите рацете над главата (како да се опуштате на стол), а се наоѓа точно на местото каде што се спуштени палците (важно е и двете раце да се се прекрстени над главата). Ова е местото каде што мускулите со черепот всушност се поврзуваат. Местото исто така треба да се притисне неколку секунди.
Петтата точка
Се наоѓа под коленото, поблиску до “надворешната” страна.
Акупресурата може да ја ублажи главоболката со притискање од неколку секунди
На социјалните мрежи, особено платформата Јутјуб, има голем број на вежби од оваа техника кои детално објаснуваат за што служи притисокот, па можете да најдете вежби кои можат да ве ослободат од главоболката за само неколку секунди притисок со прстите.
Масажата на само една точка на раката може да ги ублажи главоболките, болките во грбот и стресот. Следниот пат кога ќе имате главоболка, обидете се со овој едноставен метод.
Постапка:
Испружете ги сите прсти на левата рака. Оваа точка се наоѓа на малиот „рид“ (не на кожичката!) помеѓу показалецот и палецот.
Ставете ги палецот и показалецот од десната рака на врвот и под оваа точка на левата рака.
Започнете лесно, а потоа зголемете го притисокот, но онолку колку што можете да издржите.
Притисокот нека потрае 20 до 30 секунди, а за тоа време дишете ритмички, повремено низ носот.
Повторете ја постапката три пати, а потоа сторете го истото од друга страна, или додека не почувствувате олеснување.