За нега на лицето, жените се подготвени на сè за да го запрат времето и да го одложат појавувањето на оние непријатни и досадни линии околу очите, усните и челото.
Сепак, она што одамна им е познато на сите жени е дека добрата масажа на лицето може да ја отстрани загриженоста, главоболките и исцрпеноста, а со тоа да поттикне чувство на спокојство и удобност, што исто така придонесува за подобар изглед.
Како работи масажата на лицето?
Масажата на лицето е едно од најдобрите и најефикасните анти-ејџинг решенија или третмани кои ѝ помагаат на вашата кожа подобро да ги апсорбира квалитетните состојки од кремот, но и да го зајакне природниот, одбранбен штит. Скулпторската масажа на лицето, вратот и деколтето ги следи карактеристиките на скулптурата на лицето, внимателно го обработува секој мускул, го опушта, го подобрува протокот на крв и го прави поеластичен.
Ви носиме, чекор по чекор, видео што можете да го следите и детално да ја употребите масажата на лицето и по неколку недели да уживате кога ќе се погледнете во огледало.