Еден од моделите се популарните крокс влечки, овој пат со потпетици, додека другиот модел е во форма на чизма со подебел ѓон.
Луксузната марка од Париз „Баленсијага“ оствари соработка со популарниот бренд „Крокс“ и создаде популарни крокс потпетици, но и чизми. Оваа вест наиде на поделени мислења во јавноста – додека некои се згрозени од идејата, други едвај чекаат да си набават пар.
Еден од моделите се популарните крокс влечки, овој пат со потпетица, додека другиот модел е во форма на чизма со подебел ѓон.
Двата модели на обувки треба да бидат во понуда од 2022 година, сè уште не е познато колку ќе чинат, а ќе бидат достапни во повеќе бои.
Претходниот пат кога Баленсијага и Крокс соработуваа, требаше да се издвојат нешто помалку од 700 евра за „крокс“, наместо 46, колку чинат обичните влечки од оваа марка.
Објавувањето на овие модели наиде на поделени реакции во јавноста, па некои од корисниците на социјалната мрежа Твитер ги окарактеризираа како целосно непотребни, додека други велат дека едвај чекаат да си набават пар.
– Што се обидуваат да направат со ова – се прашуваше една жена, додека друга додаде дека сака да носи крокс влечки, но дека оваа соработка е целосно непотребна.
– Што не е во ред со луѓето во Баленсијага? Не можам да одлучам дали се шегуваат или се потсмеваат на луѓето што ќе ги купат овие чевли – се прашуваше една девојка, додека имаше и такви на кои им се допаднаа.
– Ги сакам што е можно поскоро – рече една девојка, додека друга понуди награда за оној што ќе ја извести кога може да ги добие.
Демна Гвасалија, креативен директор на брендот „Баленсијага“ и Кристофер Кејн, креаторот на популарните крокс, направија соработка во 2017 година, а моделот што го создадоа во тоа време го доби епитетот „најудобна обувка на светот“.
– Бевме инспирирани од Крокс и работевме на тоа да ги направиме во Баленсијага варијанта – рече Демна за францускиот Вог во тоа време.
– Не е невозможно да се комбинираат овие два бренда, вкусовите се многу различни и тоа е субјективна категорија – заклучи тој во тоа време.