Одамна не сме виделе поженствен стајлинг
Женствени комбинации, светли бои и впечатливи дезени се дефинитивно нејзин заштитен знак, а ретко може да се најде во издание кое не ги нагласува облините. И овој пат, сите погледи беа насочени кон неа кога зачекори на црвениот тепих во розов фустан со деколте.
Оваа боја е полн погодок оваа сезона, како и фустани како овој. Софија доби чиста десетка од модни експерти, а единствената критика беше на сметка на изборот на чевли. Иако не им се омилени на многу дами, актерката не се откажува од сандалите на платформа.
Имајќи предвид дека има 49 години и дека сѐ уште може да се пофали со совршена фигура, не е изненадувачки што често се одлучува за провокативни стајлинзи кои ги нагласуваат облините.
Дали ви се допаѓа ова модно издание на актерката?