Настап на кандидатот Mr. Cherry што со задник крши семки од цреша станаа вирален хит. Но, не поради натпреварувачот, туку заради Софија Вергара (43) која му се придружи на сцената.
Софија го праша натпреварувачот веднаш по настапот дали е навистина тешко да се направи со оглед на леснотијата со која тој го изведе. На ова, членовите на жирито и рекоа дека треба сама да се обиде за да се убеди.
Откако беше охрабрена од Хајди Клум, на сцената стапи Софија. Помошникот на Чери ја праша која страна од задникот и е посилен.
„Не знам, никогаш не сум размислувала за тоа“, одговори Софија.
Одлучи да се обиде да го скрши оревот со левата страна, но наскоро испушти болен крик и извика: – „Ова навистина боли!“
Симон се кикотеше, а Софија ја напушти сцената триејќи болно место на задникот.
„Жал ми е што го предложив тоа“, призна Хајди, а Софија рече дека е невозможно да се скрши орев на тој начин.
Видеото собра скоро 100.000 прегледи за само еден ден, а има многу во коментарите кои му завидуваат на искуството на – оревот.
„Овој последен орев е вистинскиот победник“ – е само еден од многуте коментари.