Без разлика дали ви се допаѓаат печени, варени, пржени или во форма на пире, компирот е универзално популарна храна. Многу се вкусни кога се јадат сами, со некој друг зеленчук, но и со риба, месо … Изборот е само ваш и нема грешка.
За лупење и сецкање компири потребно е време, се разбира, во зависност од количината компир потребен за рецептот, но ако барате начин да заштедите време во кујната, познатата Марта Стјуарт има омилена техника кога станува збор за компирот : излупете сурови компири, потоа наполнете подлабок сад со вода и оставете ги во фрижидер за да не поруменат.
Значи, излупете ги компирите под млаз ладна вода, исечете ги во саканата форма, измијте ги од нечистотија. Ставете ги во сад и покријте ги целосно со ладна вода, а потоа чувајте ги во фрижидер. Кога е време да ги готвите, измијте ги повторно со ладна вода.
Кога ќе се поминат двапати низ млаз студена вода, тие ќе бидат совршено крцкави при печење и пржење. Покрај тоа, вишокот скроб ќе се отстрани.
Одлична идеја е да ги подготвите на овој начин порано, и кога оваа техника за подготовка на компири порано ќе стане рутина, никогаш нема да губите премногу време за време на подготовката на оброците.