Исечете го готовото јадење на парчиња и сервирајте топло
Ако ви треба брз, но вкусен оброк, ова јадење ќе биде вистинскиот избор. Потребни ви се само неколку состојки, многу е лесно да се подготви, а вкусот ќе ве воодушеви.
- 500гр компир
- 150гр брашно
- 1 јајце
- сол
- бибер
- маслиново масло
- 100гр шунка
- 100гр кашкавал
Подготовка:
Сварете ги компирите, па убаво изгмечете ги. Додадете јајце, сол, бибер, а потоа брашно и измешајте сѐ добро, за да добиете компактно тесто, и доколку е потребно, можете да додадете повеќе брашно ако процените дека тестото не е доволно цврсто.
Во загреана тава ставете малку маслиново масло, потоа развлечете половина од подготвеното тесто и ставете го на дното на тавата. Наредете ги шунката и кашкавалот над тестото, а потоа и другиот дел од тестото. Пржете од двете страни додека тестото не добие златно кафеава боја
Исечете го готовото јадење на парчиња и сервирајте топло.
Пријатно!