Лесно и едноставно
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА:
- 800 гр. пилешки батаци
- 1 лажица куркума
- прстофат бибер
- малку лук во прав (1/2 до 1 лажичка)
- мелен коријандер (изронет)
- 1 лажица вода
- сол
- околу 300 мл. масло за пржење
Измешајте ги сите состојки со месото и оставете да отстои околу половина час.
Загрејте го маслото и испржете ги батаците околу 25 минути, свртувајќи се да се печат рамномерно.
Времето на пржење зависи од големината на батаците.