Совршена хидратација за топлите денови: Направете сопствен спреј од само неколку состојки

15 мај, 2021
Screenshot_5

Ќе ја задржи вашата кожа свежа

Хидратацијата на кожата е исклучително важна.

Особено за време на потоплите денови.

Термалните води се одличен начин за освежување.

Но, зошто не направите сами спреј за кој се потребани само неколку состојки?

Овој спреј ќе ве разбуди со својот мирис, а неговите состојки ќе имаат благ и освежувачки ефект врз вашата кожа.

Може да го користите за лице, но и за тело (пријатно ќе ја олади кожата по сончање).

Потрбни ви се:

  • 2 дл дестилирана вода
  • 1 лажица сок од зелен лимон
  • 1 лажица алое вера
  • 1 краставица
  • 1 лажица свежо исечкано нане

Подготовка:

Излупете ја краставицата и исечете ја на парчиња. Исецкајте го нането, додадете сок од лимета и алое вера и сето тоа добро изблендирајте го. Додадете вода и мешајте додека не добиете мазна смеса. Потоа земете стерилна газа и исцедете ја во шише со прскалка.

escort - Korsan taksi