Подготовката на овие мини пици е многу едноставна, а можете да ги прилагодите сите состојки по ваш вкус.
Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто (400 гр)
- сос од домати
- 150 гр шунка или 100 гр панчета
- 100 гр рендан кашкавал
- оригано
- босилек
Подготовка:
Расукајте го лиснатото тесто на набрашнета површина. Избоцкајте го малку со виљушка, а потоа премачкајте со сосот од домати (не до рабовите). Додадете рендан кашкавал, шунка и сув зачин по ваш избор.
Се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат во рерна загреана на 200 ° C околу 20 минути.