Податоците што доаѓаат со месеци за руската вакцина против коронавирусot, Спутник V не откриваат никакви нови несакани ефекти, изјави денеска извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитријев.
На прашањето, во интервју за телевизискиот канал Русија-24, дали се регистрирани нови несакани ефекти од вакцината уште од почетокот на масовната кампања за вакцинација, тој рече дека не се и дека тоа е добра вест, пренесе Tass .
- Спутник V покажа одлични резултати, не само во Русија, туку и во голем број други земји – посочи тој, a пренесе Танјуг.
Дмитриев рече дека многу земји ја проучувале ефикасноста и безбедноста на руската вакцина.
- Спутник V докажа дека вреди кај милиони Руси и милиони луѓе во други земји каде што е докажано дека е целосно безбеден – додаде тој.