Срце од ајвар: Ноне доби најнеобична роденденска честитка од најсаканата личност! (ФОТО)

popara28 септември, 20214min0
none

 Роденден е денот што го чекаме цела година… Само што некои го чекаат дома, некои но бекој локал, кафеана, кафетерија, клуб, дискотека, игротека… Зависи од возраста, желбите. замислите и можностите. Но, има некои што роденденот ќе го дочекаат далеку од дома, а сепак опкружеени со најблиските, најмилите, најдрагите личности во мислите…

Некогаш ним роденденот на далечина им го честитавме со писма и телеграми, денес за среќа сето тоа оди многу побргу или за миг, преку современите можности на денешната технологија, интернетот и социјалните мрежи.

Роденден славиме сите, секако и познатите личности, или барем оние кои некогаш тоа биле… А денес се токму далеку од дома, живеат и работат некаде таму по белиот свет, како што е случајот со некогашната македонска поп ѕвезда, пејачката Нона Неделковска или само Ноне. Токму денес, 28 септември на македонската „џепна венера“ и е роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, особено не на Ноне, зашто според нејзиниот младешки „бејби фејс“  изглед, ако не и ги знаете и да сакате не можете да и ги изброите.

„Најшетаната велешанка“ во моментов повторно не е дома… Крстари преку седум мориња и океани, работејќи веќе со години на прекуокеанските крузери. Но тоа не значи дека роденденот не го слави…Или пак случајно најблиските и пријателите и го заборавиле.

Напротив, уште од рано изутрина на нејзиниот Фејсбук почнаа да пристигаат роденденски честитки во вид на бројни пораки… Со најубави „желби рој“, емотикини на љубов, среќа и радост…, со по понекоја фотографија!

Нај печатлива, но и науникатни, најкреативна и веројатно најмногу полна со љубов роденденската честитка од мама Мимоза! Цвеќе, бомбони, балони, емотикони, чоколади, пијалак… сето тоа веќе сме го виделе безброј пати во роденденските честитки и е очекувано да се сподели покрај убавите зорови. Но, она што мајка и на Ноне и го „спакува“ како фотографија со роденденска честитка, навистина ретко се гледа. Или поточно – се гледа за прв пат и затоа е ем оригинално, ем уникатно, ем „златно“!

Две недели претходно ќерката и го честиташе роденденот на мајката, а сега мама и возврати на себесвојствен начин:

Две срценца од тазе подготвено ајварче, со свеќички што горат во нив, два пати по три парченца сирење, едно варено јајце и чаша свежо цеден овошен сок. Сето тоа прекрасно гарнирано со свежи цветчиња и сервирано во чинија на масата како роденденска појадок честитка за својата ќерка. Да се стопиш од среќа, а и прсти да излижеш… Секако во првата прилика кога „форевер јанг“  Нона ќе се врати дома.

Роденденот нека и е среќен, најсреќен… честитка и од редакцијата на Вистина.ком.мк!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma