Среќна, здрава и исполнета: Лејди Гага конечно ја најде љубовната среќа

28 јануари, 2021
1396847

Пејачката и актерка Лејди Гага конечно ја најде љубовната среќа. Поп-sвездата е во врска со инвеститорот во технологијата Мајкл Полански околу една година, а упатените тврдат дека таа е – луда по него

Лејди Гага (34) и Мајкл Полански (37) ја покажаа својата љубов на неодамнешната инаугурација на претседателот Џо Бајден. По инспирираната изведба на американската химна од Гага, парот размени сладок бакнеж преку маските.

„Гага доживеа ерупција на одлично расположение на инаугурацијата. Таа е многу среќна со Мајкл и е благодарна за неговата поддршка “, изјави извор близок на пејачката за списанието „People“.

Полански исто така беше почестен што можеше да биде зад сцената и да ја поддржува својата партнерка.

„Му беше задоволство да се биде зад сцената и одлично се вклопи. На неколкуте луѓе што ги запозна зад сцената во Капитол, Гага го претстави како нејзино момче “, рекол извор кој присуствувал на инаугурацијата.

Откако ја потврдија нивната врска во февруари минатата година, парот главно се држеше далеку од очите на јавноста, па доаѓањето на инаугурацијата на Бајден беше едно од ретките заеднички настапи.

Енергичната поп-sвезда и тивкиот бизнисмен, кои на прв поглед изгледаат како крајни спротивности, за првпат беа видени како се бакнуваат на новогодишната ноќ во 2020 година во Лас Вегас.

„Од надвор Гага и Мајкл изгледаат многу различни. Кога излегуваат заедно, тој секогаш изгледа лежерно во фармерки и капи, додека Гага обично е многу забележлива“, вели информиран извор.

Сепак, во текот на изминатата година, тие станаа длабоко поврзани бидејќи се фокусираа на позитивните промени во Светот преку нивните занимања.

Двајцата се вредни и сакаат да работат заедно на добротворни проекти. За време на lockdown-от не седеа со скрстени раце, туку се фокусираа на правење добри дела. Тие сакаат да помогнат каде што можат“, вели изворот.

Полански дипломирл математички и компјутерски науки на Харвард и работи како извршен директор на Институтот Паркер за имунотерапија против карцином. Гага го поддржува менталното здравје и благосостојбата на младите преку својата фондација „Born This Way“ од 2012 година.

„Мајкл има свој живот и работа, но тие исто така имаат заеднички страсти, така што сè е убаво избалансирано. Работите се движат во вистинска насока“, вели изворот.

По неколку тешки години во кои ја раскина свршувачката со агентот Кристијан Карина во 2019 година и се бореше со PTSPи фибромилагија, Лејди Гага се чувствува подобро од кога било.

„Среќна е, здрава и исполнета“, вели изворот.