„Срекна сум зошто го остави Игор“ се дел од коментарите упатени до Северина

3 јануари, 2021
seve-igor-ljubav

Пејачката Северина Којиќ ја напушти Србија пред неколку месеци, а од тогаш се шпекулира дека нејзиниот брак со Игор Којиќ е во криза. Изминатите неколку месеци тие не зборуваа за развод, ниту за заеднички живот.

Фановите трпеливо чекаа еден од двајцата да објави барем честитка за родендени, годишнини или сега за Нова Година и Божиќ, но тоа не се случи.

Северина за празниците објави две фотографии, едната со нејзината мајка, на која и го честиташе роденденот, а другата со синот Александар, кој беше маскиран во акционен херој.

Сепак, пејачката се огласи денес со многу интересна порака.

  • Оставете порака за некого, но не означувајте ја. Не гледајте криво на едното око; слободно опуштете се или заблагодарете се на некого. Но, без обележување – напишала пејачката, а во морето коментари кои следбениците ги испраќале само на луѓето што ги познаваат, еден обожавател и рекол на Северина дека е среќна затоа што го напуштила Игор.

Северина не даде коментар за ова.

escort - Korsan taksi