Старлетата Ким Кардашијан неодамна се разведе од раперот Канје Вест, но и покрај тоа таа одлучи да ја поддржи неговата музичка кариера на социјалните мрежи, па објави дека го слуша неговиот нов албум
Нејзината поддршка сепак падна во втор план, бидејќи од снимките на екранот се гледа дека Ким го исклучила звукот, што на многу фанови не им избега.
Ким Кардашијан објави дека ги слуша песните „Hurricane“, „Donda“, „Lord I Need You“ и „Ok Ok, Pt. 2“. Набрзо ги избриша снимките од екранот, но фановите веќе почнаа да ги споделуваат, па не можеше да ја сокрие грешката.
Подоцна ги објави и останатите песни, кои се со тон, но безуспешно.
– Дали сериозно го стори тоа? – се запрашаа корисниците на социјалните мрежи.
Ким и Канје отсекогаш се поддржувале во кариерата за време на врската и бракот, а се чини дека и сега, за време на разводот, сакаат да ја задржат старата навика.
„Донда“ е десетти студиски албум на Канје. На албумот наводно гостува и контроверзниот Мерлин Менсон (52), што за странските медиуми го потврди неговиот портпарол. Менсон се најде на мета на неколку обвинувања за сексуална, физичка и психичка злоупотреба на неговите поранешни партнери, па ова дуо не е поддржано од фановите на Канје.