Сте заспале со кармин
Ако сте заспале со кармин на усните, да се надеваме дека барем тоа е класичен кремаст кармин кој обично прави помалку штета од мат – течниот кармин. Помалку, но сепак штета. Еве што да направите: веднаш штом ќе се разбудите, зграпчете ја првата мицеларна вода што ја гледате или масло за отстранување на шминка, а потоа направете нежен пилинг на усните. Можете да го направите сами со само 2 состојки: кокосово масло и шеќер. Потоа нанесете подебел слој на балзам за усни и обновувајте го во текот на денот за да им помогнете на усните да се опорават од овој beauty шок.
Сте заспале со сенка или маскара
Спиењето со шминка за очи може да предизвика иритации и инфекции кои доведуваат до црвени, отечени очи, па дури и чешање, сето тоа благодарение на честичките од сенка или маскара што паднале во очите. Следното утро, исчистете ја шминката од очите добро, но со нежно чистење од вообичаеното, затоа што очите ќе бидат почувствителни. На крајот, можете да ставите и капки за очи за да се смири иритацијата.
Заспавте со целосна шминка
Кога спиете со комплет шминка на лицето, очекувајте дехидрирана, уморна и безживотна кожа без сјај следниот ден. Утрото, можеби ќе бидете пречекани со груба кожа, запушени пори и нови мозолчиња на места што не очекувавте! Бидејќи кожата не можеше да се регенерира во текот на ноќта (за почеток, ослободете се од мртвите клетки на кожата), ќе мора да и помогнете да го стори тоа наутро. Прво, извадете ја шминката со помош на нежно средство за чистење или масло за чистење, а потоа направете нежен пилинг за лице. Потоа, направете skincare рутина за нега на кожата што ќе ја користите по овој редослед: тоник, серум, потоа крем.