Фудбалерот Душко Тошиќ се уште официјално не ги закачил копачките на колче, но започнал нова кариера, а упатените тврдат дека одлично се снаоѓа во тоа. Поради природата на својата нова работа, славниот спортист често патува, а вчера им откри на своите придружници дека престојува во Италија.
Фудбалерот Душко Тошиќ е одличен на теренот, а се покажа како фантастичен и надвор од него – како фудбалски менаџер. Како што пишуваа српските медиуми на почетокот на септември, славниот спортист и сопруг на Јелена Карлеуша заплови во менаџерските води и веќе посредуваше во трансферите на Ришаир Живковиќ и Миралем Пјаниќ.
Душко не откри со што се занимава деновиве, но објави фотографии на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, на кои гледаме дека бил во Париз, по што продолжил за Милано. Тој присуствуваше на еден натпревар во овој град, и ја искористи можноста да ги види своите пријатели и колеги, па сподели фотографии каде го гледаме со поранешниот капитен на српската фудбалска репрезентација, Бранислав Бане Ивановиќ, и со тренерот и поранешен фудбалер Џовани ван Бронхортс.
Душко позираше како модел, совршено стилизиран за прошетка низ една од модните престолнини, а во описот на една од фотографиите напиша:
– Еден ден во Милано.4