Стилизирана подобро од повеќето први дами на светот: Меланија Трамп за прв пат сликана откако ја напушти Белата куќа – навистина е занесна!

popara18 јули, 20215min0
301821_profimedia0553573103_ff (1)

Откако ги спакуваа куферите и ја напуштија Белата куќа во јануари, Трампови поминаа одреден период во нивниот ексклузивен имот во клубот Мар-а-Лаго во Палм Бич, а потоа се вратија во Њујорк.

Така семејството продолжи со секојдневниот живот, во кој Доналд и Меланија уживаа со нивниот син Барон како што било пред Трамп да добие политички аспирации. Според извор близок на поранешниот претседател и прва дама, Меланија и нејзиниот петнаесетгодишен син ќе летуваат на релација Менхетен-Бедминстер, а папараците ја забележале пред неколку дена во Њујорк, во близина на славната Трамп кула.

Поранешната прва дама на САД, која остави свој белег како една од најдобро облечените на оваа позиција, очигледно му остана верна на деловниот стил што го изгради за време на претседателската кампања на нејзиниот сопруг и нема намера да се врати на провокативниот начин на облекување кој го негуваше пред Доналд Трамп и зачекори во светот на политиката. Меланија се одлучи за паметно лежерно издание, кое се состои од светло-кафеав блејзер од Burberry, бели фармерки и класична бела маица, бели балетанки со потпис на модната куќа Christian Louboutin и една од нејзините многу чанти Hermès. Во споредба со порано, единствената разлика е во тоа што за нејзиниот секојдневен стил не може да се види „од авион“ дека секое парче е скапо (иако нема сомнеж дека е така), како и фактот дека таа не носи штикли, без што не ја гледавме како прва дама, дури ни во посета на жртви на природни непогоди.

Софистициран, не премногу комплициран, но многу луксузен – начинот на кој не навикна Меланија Трамп. Убаво е да ја видиме повторно, нели?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma