Бенефитите од пиењето доволно вода во текот на денот се веќе добро познати, но често остануваат прашањата дали е добро да се пие пред или по оброк, непосредно по будење или пак неколку часа пред спиење?
Лекарите и нутриционистите се согласни дека чаша вода пред оброкот може да даде чувство на ситост, што би придонело да се јаде помалку, односно да се избегне прејадување.
Иако се верува дека може да се пие вода и за време на оброкот, вистината е дека потребна е концентрирана желудочна киселина за процесот на варење да се одвива правилно. Дури и потребно е да се почека 20-30 минути по оброкот за да се испие чаша вода, за да се избегнат потешкотии со варењето.
За да бидете сигурни дека пиете доволно вода, водете се по следниов распоред:
– Две чаши вода наутро, веднаш по будењето
– Две чаши вода триесет минути пред оброк
– Една чаша вода пред туширање, за да се избегне покачување на крвниот притисок
– Една чаша вода пред спиење, за хидратација однатре и за време на сонот
Секако, пијте колку што ви се пие и во меѓувреме, односно никогаш не се оставајте жедни.
Исто така, доколку сите сокови ги замените само со вода, ќе го забрзате метаболизмот, со што побргу ќе се ослободите од вишокот килограми, но и од токсините, а со тоа и ќе имате повеќе енергија, ќе бидете поконцентрирани, а вашата кожа ќе биде хидрирана и сјајна.