
Нашата фолк пејачка Сузана Гавазова ретко кога можеме да ја видиме без воопшто шминка на себе поради настапите или пак поради гостувањата кои ги има.
Гавазова важи за жена која е секогаш средена од глава до пети, но овој пат таа покажа дека воопшто не се плаши да ја покаже својата природна страна, односно може да видиме како изгледа Сузе без грам шминка на себе и тоа наутро, додека е сеуште во креветот.

„Добро утро“, напиша свежо разбудената пејачка.
Мора да признаеме дека Сузана изгледа одлично и без грам шминка, ќе се согласите?