Сузана Гавазова во прегратка на Бали Бег – Што на ова ќе каже сопругот Јасмин?

30 март, 2021
гавазова

Љубителите на турските серии досгеа неколкупати имаа можност да го гледаат турскиот актер Бурак Озчивит во разни улоги и сценарија.

Дури и кога не е активен пред камерите, еден од најплатените и најангажираните актери, е актиелен кај публиката. Познатиот Бали Бег особено е миленик на женската популација, а своевремено се појавија и информации дека многу дами се подготвени да платат дебело за вечера со него.

Но, повеќето се задоволни и со една фотографија за спомен, а таква има нашата фолк пејчка Сузана Гавазова.

Фотографијата каде позираат заедно таа ја објави на својот Инстаграм, сакајќи да се пофали дека има спомен и дека била близу до турскот убавец.

Според приложеното се гледа дека фотографијата е постара, но сепак многу драга за Сузе. „Бали ага“, напиша пејачката во описот дополнето со неколку симболи.

Инаку, последна улога во која македонските гледачи го гледаа актерот Бурак Озчивит, беше онаа во серијата „Карасевда“ каде го играше ликот на Кемал.

Преземено од ubavinaizdravje.mk