Поради зголемените социјални собири, поголемата раздвиженост на населението, големите фестивали и спортски турнири што ќе се одржат во наредните денови и недели, СЗО и Европа повикуваат на претпазливост кога станува збор за Коронавирусот.
Европа во никој случај не е надвор од опасност во однос на ситуацијата со Ковид-19, изјави денес регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.
„Поради зголемените социјални собири, поголемaта мобилност на населението и големите фестивали и спортски турнири што ќе се одржат во наредните денови и недели, СЗО повикува на претпазливост“, изјави Клуге на прес-конференција.
Неговата изјава доаѓа и покрај извештаите дека бројката на новозаразени е во опаѓање, како и бројката на смртни случаи.