Таа е најстилизираната дама на Балканот: Јелена Розга заблеска во мини тексас сукња и волнен џемпер

23 октомври, 2021
330007_168045212-1133050653785516-4522253791389891401-n_ff

Харизматичната поп пејачка Јелена Розга често ја воодушевува публиката преку Инстаграм со своите модни комбинации кои зрачат со женственост, софистицираност и префинет вкус.

Покрај извонредните вокални способности, пејачката е и дама со стил, а како што истакнува модните трансформации ја прават исполнета и среќна.

Дождливите октомвриски денови Јелена ги поминува во родната Хрватска, а последниот стајлинг кој го покажа на своите придружнички доби грст пофални зборови и прашањето каде може да се купи облека.

Белите волнени џемпери се многу популарни оваа сезона, особено во комбинација со тексас и кожа, а пејачката го одбрала овој тренд за опуштена прошетка со пријателите.

Миди тексас здолништето е идеално решение за дами со витка фигура, а одлично ќе се вклопи со мартинки од сите нијанси и материјали.

Од аксесоарите Розга извади чанта „Гучи“ која на овој стајлинг му даде посебен шарм.

Пред нешто повеќе од два месеци Јелена го прослави својот 44 роденден со пријателите и семејството, а наскоро во нејзиниот препознатлив дух подготвува нова песна за публиката.