Таа е покрај татко ѝ по трагедијата: Се огласи наследничката на Алек Болдвин која ја доби со славната Ким Бесинџер

24 октомври, 2021
330025_241797715-886824052231123-5193098897890851415-n1_ff

По ужасната вест дека актерот Алек Болдвин случајно ја пукал директорката на фотографија Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Rust“ и го ранил режисерот Џоел Соуз, како се чувствува преку социјалните мрежи објави и неговата наследничка Ајрленд Болдвин.

„Испраќам љубов и поддршка до семејството и пријателите на Халина Хачинс. Испраќам лековити мисли до Џоел Суза. И посакувам денес навистина силно да го гушнам татко ми“, напиша таа.

Во тешки и неочекувани моменти дава се од себе да му помогне на својот татко и на целото семејство.

Ajerlend Boldvin

Ајрленд тргна по стапките на својот татко, а покрај глумата и уметноста, се испроба и во манекенството, со оглед на необичната убавина и експресивност.

Алек за време на бракот со Ким Бесинџер доби наследничка, а моментално е во врска со Хиларија Болдвин со која има шест деца.

Alek Boldvin