Иако изгледаа како среќно семејство, атрактивниот пејач и неговата сакана сепак имаа проблеми кои не успеаја да ги надминат.
Поп -sвездата Џејсон Деруло (32) и инфлуенсерката Џена Фрумс (28) повеќе не се заедно, објави пејачот.
– Џена и јас одлучивме да се разделиме – напиша вчера Деруло на Твитер. – Таа е неверојатна мајка, но верувам дека разделбата во овој момент ќе ни овозможи да бидеме во најдобри можни односи меѓу себе и најдобрите родители што можеме да бидеме. Ве молиме, почитувајте ја нашата приватност.
Двојката доби син, Џејсон Кинг, пред само четири месеци, а нивните следбеници на социјалните мрежи имаа можност да го видат нивното секојдневие, кое изгледаше магично.
Пред Џејсон да објави твит за разделбата, Џена му го честиташе роденденот на Инстаграм, пишувајќи:
– Благословена сум што ќе го споделам роденденот со мојот љубовник. Ти си најзгодното, највредното, најталентираното, најлудото суштество полно со љубов.
Таа додаде дека е благодарна за нивната љубов и дека тој и нивниот син ја прават најсреќната девојка на светот, како и дека едвај чека да создадат нови спомени заедно. Подоцна, Џена го избриша овој пост, но нивните семејни фотографии се уште може да се видат на нејзиниот профил.