Пејачката Тамара Тодевска е активна на социјалните мрежи, па често со своите следбеници споделува што има ново од професионалниот, приватниот живот.
Таа често знае да ги снима и своите деца, Хана и Дарен, кои веќе се потпораснати и се преслатки.
Меѓутоа, деновиве, поточно вчера (1ви јуни), Тодевска имаше убав повод за славење.
Имено, пејачката го прослави својот 36 роденден. По тој повод, таа дуваше роденденски свеќички со број 36.
Како во кусите приказни на „Инстаграм“, така и под објавата се нижеа бројни честитки на сметка на пејачката.
И некогашната водителка, Миа Костова и го честиташе роденденот на својата другарка:
„Те сакам и кога ќе ја згрешиш химната и кога ќе ми пишеш во 8 и 15, ‘ви како те“, те сакам на сцена и кога не си за сцена. Те сакам дека имаме слики кога не се знае кој е кој на сликата. Те сакам дека си најмајка и те сакам кога те мразам дека пееш. Среќен роденден близначке. Ако се префарбаш те убив“, пишува Миа во честитката.
Инаку, пред еден месец, Тодевска исто така имаше роденден во семејството, односно нејзината ќерка Хана наполни 5 години.
Среќен роденден.
Преземено од vistina.com.mk