Тамара Тодевска, Елена Велевска и ДНК се само дел од новите водители на естрадниот магазин „Бекстејџ“

popara6 септември, 20212min0
бк

Единствениот естраден магазин „Бекстејџ“ ја започнува новата 14-та сезона во која најавуваат многу новитети. Еден од новитетите е тоа што првата недела ваши домаќини ќе бидат јавни фаци  и естрадни ѕведи кои ќе го задржат вашето внимание.

Во понеделник ваш водител ќе биде фолк пејачката Елена Велевска, во вторник водител ќе биде Андреј од дуото ДНК, во среда ќе се дружите со Тамара Тодевска… а кои останати јавни личности ќе се најдат во истата улога останува да видите во 16.15 премиерно и 22.15 репризно на Телма.

„Во 2008 стартувавме со ентузијазам. Денес, продолжуваме со искуство и сериозна тежина зад себе. Низ годините се развивавме како жив организам. И до ден денес сме жива материја која подлежи на голем број промени. После долги години од нашето раѓање и медиумски живот, сфативме дека нашето најголемо достигнување е изразот. И новинарскиот и визуелниот. И по однос на емисии и по однос на прослави, настани и организации. Бекстејџ е своевиден пионер кога станува збор за вакви емисии. Не следиме трендови туку ги креираме. Од хрома во студио. Од студио на терен. Од интервју до репортажа, Бекстејџ има свој печат кој што се разликува од останатите“ – вели уредничката Ева Јакимовска.

Сите естрадни актуелности, ексклузивни интервјуа, исповести, но и рубрики ќе бидат само дел од новите содржини во новата 14-та сезона.

„Like“ „Dislike“ е рубрика во која стручни ликови ќе го коментираат изгледот на познатите, „Едноставен живот“ рубрика во која познатите ќе ги видите во светло какво што најмалку очекувате, „Вирално” ќе се бави со тоа што познатите објавуваат на социјалните мрежи. Но, ова е само дел од сето она што ве очекува во новата сезона на „Бекстејџ“.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma