Татијана Стефановска стана мајка: „Голем cи Господе… должни сме ти довека“ (фото)

popara16 јуни, 20211min0
tatijana
  • Познатата македонска пејачка Татијана Стефановска  вчера (15.06.2021) со објавата на својот Фејсбук ја изненади јавноста и своите Фејсбук пријатели – таа станала мајка на девојче.

Имено, Татијана изминатиот период објавуваше фотографии само од себе, нo не објави фотографија од своето трудничко стомаче. Таа често беше активна на социјалните мрежи, но ништо не нагостуваше дека е во блажена состојба.

Среќните и радосните вести, фолкерката ги објави на својот Фејсбук откривајќи дека добила ќерка за кое го одбрале името Ана.

„Голем си Господе. Благодарни и должни сте ми довека. Ни се роди ќерка. Господ секаде да дава ваква радост“, напиша таа на Фејсбук.

Под објавата се нижеа честитки од нејзините колеги, пријатели, соработници, роднини.

Битолчанка со години е во брак со музичарот Митко Бежановски и Ана е нивно прво дете, иако тој веќе има чедо од првиот брак.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma