Поп-sвездата Џастин Бибер ги заинтригира своите следбеници на Instagram со интересна објава
Канадскиот пејач Џастин Бибер (27), кој е во брак три години со манекенката Хејли Бибер (24), инаку една од нашите омилени модели, навистина знае како да привлече внимание!
Тој на својот профил на социјалната мрежа Instagram објави црно-бела фотографија, на која позираше со сопругата, а во описот напиша:
– Мама и тато.
Набргу потоа, фотографијата собра повеќе од два милиони лајкови и безброј коментари, а светските медиуми ја објавија веста за неа со наслов дека манекенката е бремена. Неколку часа подоцна, самата Хејли ја искоментира објавата на Џастин, пишувајќи:
– Мислам дека можеби треба да го смените овој опис во „Мама и тато на куче“ пред некој да го изврти.
Парот, инаку, неодамна купи вила во Лос Анџелес вредна 25 милиони долари, па не е невозможно нивното семејство наскоро да биде побогато за еден член.
Дали моделот е сериозен или само се обидува да ги „измами трагите“? Едвај чекаме да откриеме!