„ТАТО ПОСТОЈАНО МИ НЕДОСТАСУВА“: Ќерката на покојниот Пол Вокер е вистинска убавица

popara24 јуни, 20215min0
profimedia-0616577420

Медоу Вокер, ќерката на трагично починатиот актер Пол Вокер, присуствуваше на премиерата на најновиот филм од франшизата „Fast and Furious“ наречена „Ф9“. Облечена во црн фустан од Сен Лоран, 22-годишната манекенка го претставувала својот татко на настанот. Медоу исто така помина извесно време на сетот на Ф9 со браќата на Пол Вокер, Коди и Калеб, што раперот Лудакрис го откри во неодамнешното интервју, но не се појави пред камерата.

Главниот актер Вин Дизел зборуваше и за можноста Медоу да има улога во следното продолжение. „Не би ја исклучил таа можност“, рече Вин Дизел на прашањето на E! Entertainment за дали Медоу Вокер ќе дебитира како актерка во 10-от дел од франшизата.

Медоу имала само 15 години кога нејзиниот татко загина во сообраќајна несреќа во ноември 2013 година. Таа работеше вредно со екипата на „Fast and Furious“ за да го задржи сеќавањето на него. Две години по неговата смрт, Медоу го тужеше Porsche, тврдејќи дека возилото во кое се наоѓал нејзиниот татко за време на несреќата имал бројни недостатоци во дизајнот. Случајот беше затворен во 2017 година, но условите за спогодбата останаа доверливи.

Денес, Медоу Вокер е модел кој ја направи својата прва модна ревија на презентацијата на новата колекција на Живанши во Париз во март годинава, и е заштитно лице на кампањата на модната куќа Проенза Шулер. Медоу честопати ја споредуваат обожавателите на починатиот актер со нејзиниот татко, па секоја фотографија што ја објавува предизвикува лавина реакции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma