Тажни слики од Чендлер од „Пријатели“: Изгледа очајно и уморно, крупниот кадар е навистина болен

popara5 октомври, 20212min0
GettyImages-631611692_autoOrient_i

Тажната глетка никого не остави рамнодушен

Sвездата од серијата „Пријатели“, Метју Пери (50), изгледа се полошо и полошо, што повторно ги загрижи неговите обожаватели.

Метју беше фотографиран пред ресторан во Малибу додека го чекаше својот автомобил, повторно со порок во рацете.

Поради сликите, коментарите на социјалните мрежи и светските медиуми зујат за Пери.

„Тажно како пропадна човекот“, „Што му се случува“, „Изгледа многу лошо“, „Тажна глетка“, „Човекот има некој проблем“, „Порано беше сериозен шмекер“, „Повторно има проблем со пороците? “, се некои од коментарите.

Да се потсетиме, Метју ја засмеваше публиката во текот на цела деценија во познатата серија „Пријатели“, која започна да ја снима уште во 1994 година.

Се вели дека има проблеми со дрога и алкохол. Тој се лечеше од зависност од апчиња и алкохол, а во едно интервју призна дека не се сеќава на три години од снимањето на серијата „Пријатели“ поради количината на опијати што ги конзумирал.

Метју порано беше зависник од дрога што почнал да ја зема поради несреќа на скутер во вода. Успешно ја намалил болката, но не можел да помине ниту еден ден без таблета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma