Не е тешко и брзо се подготвува
Состојки
- 250 мл млако млеко
- 3 лажици шеќер
- 1 коцка свеж квасец
- 500 грама брашно
- 100 мл масло
- 1 лажичка сол
- 1 жолчка од јајце
За премачкување
- 1 жолчка од јајце
- малку млеко
Подготовка
Раскршете го свежиот квасец во млакото млеко, додадете шеќер и измешајте. Додадете малку од брашното во садот, па оставете го да нарасне. Потоа додадете масло, сол, жолчки и соединете сè. Додадете повеќе брашно и месете со раце.
Поделете го тестото на три еднакви делови, а потоа месете го уште малку. Потоа со сукало развлечете ги трите дела на што е можно потенок круг, кој ќе го исечете на 8 дела.
Наполнете по желба, завиткајте, ставете тава и премачкајте со жолчка од јајце. Оставете ги да нараснат околу 45 минути.
Солените кифли може да ги поросите со семки по желба, а слатките може да ги посипете со шеќер во прав кога ќе се испечат.
Печете ги на 180 степени Целзиусови околу 20 минути. Кога ќе се испечат, покријте ги со крпа додека се ладат.