Тие се во роднинскa врскa, но немаат исти музички интереси – Сара Гигова: „Не сум во сенка на Антониа Гиговска“

popara8 октомври, 20213min0
сс

Младата и талентирана пејачката, Сара Гигова иако пее уште на 6,7 години, на публиката и стана позната со нејзиното учество во регионалните музички шоуа.

Имено, на 11 годишна возраст таа се појави во „Неки нови клинци“, а потоа и во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што стигна до полуфиналето и каде што не само што го покажа својот талтен за музиката, туку добиваше и совети од стурчното жири за да биде уште подобра во работата која ја работи.

Таа учествуваше и во македонскиот мјузикл посветен на Тоше, „Тајно моја“. Следуваше учеството во домашното музичко талент натпреварување „Ѕвезда број 1“ каде заврши како четвртопласирана, па првата сопствена песна „Љубовна бура“ и нејзината изведба на „Макфест 2018“.

Сара кон почетокот на август ја објави и својата нова песна насловена како „Ладно лето“.

Гигова сега седна на „Жешко столче“, па одговараше на разни, интересни прашања, зборуваше за нејзините искуства и придобивки од учествувањето во регионалните музички шоуа.

„Морам да признам дека е огромно искуство, многу пријатели, многу подготвувања, секој настап е нов тренинг на гласот, на песни, искуство на сцена, искуство со жири, искуство со публика“, вели Сара.

„Искрено мислам дека повеќе зрелост добив од „Кастинг талент шоу“ бидејќи таму работев со повозрасни луѓе околу мене. На „Пинкови ѕвездички“ беа тинејџери. Во поглед на музичко искуство, на сцена повеќе добив од „Пинкови ввездички“, а во поглед на други аспкети повеќе има искуство од „Тајно моја“.

Младата пејачка откри која и е најголема поддршка во животот, но и во тоа што го работи.

„„Наголема поддршка ми е семејството и пријателите. Семејството ми е најголема поддршка бидејќи знам дека што и да ми кажат, да ме искритикуваат знам дека не ми мислат ништо лошо. Се тоа е доброномерно и прифаќам се што ќе ми кажат и се трудам да го променам. Можам да ја издвојувам еве мајка ми која многу вложува енергија во мене и не сакам да ја разочарам. Татко ми и мајка ми ми се најголема поддршка“, вели Сара.

На прашањето дали таа е во сенка на нејзината братучека, пејачката Антониа Гиговска која исто така беше и во „Пинкови ѕвездички“, Гигова вели:

„Не, воопшто не мислам дека сум во сенка. Таа е од мене постара 4 години и е поискусна. Заедно се натпреваруваме во „Тајно моја“ и стигнавме заедно до суперфиналето и имавме дует и ги освоивме првите две награди, поглавните улоги во „Тајно моја. И уште тогаш имаше коментари, не споредуваа, јас како помлада дали одам по стапките на Анотниа. Во тој момент, на 12 години не знаев како да ги прифатам тие коментари, дали на лош начин, дали на добар. Како помина времето и јас бев на „Пинкови ѕвездички“, сфатив дека музичата е тоа што сакам да го работам во животот, сфатив дека такви коментари имало и ќе има, сега е моментот да се покажам во различно светло бидејќи мислам дека јас и Антониа сосема сме различни и како луѓе и како пејачки. Таа има различен стил на пеење, различен стил на облекување, различен стил на однесување, мислам дека сме потполно различни освен тоа што сме братучетки. На музички план немаме толку интереси, имаме различни гласови, Воопшто не се гледам во сенка на Антониа. Се надевам дека со текот на времето публиката подобро ќе ме запознае“, вели Сара.

Таа откри дека не размислувале со нејзината братучетка да ги вкрстат гласовите и да снимаат дует, но таа можност не е исклучена за во иднина.

Целото интервју погледнете во видеото подолу.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma