Тијана Дапчевиќ откри дека Тамара „јадела ќотек“ од неа: „И ден денес се караме, ме блокира на сите социјални мрежи!“

5 април, 2021
тамара и тијана

Пејачката Тијана Дапчевиќ деновиве беше гостинка во телевизиско шоу „Еден на еден“.

Тијана зборуваше на повеќе теми, од кои за животот во Белград споредено со Скопје, се осврна на снимањето на македонскиот ситком „Преспав“ каде ја игра Ула, дружбата и помошта од колегите актери, а потоа зборуваше за синот и за членовите на семејството, од што најинтересен беше делот за сестра си Тамара Тодевска.

Имено, Тијана откри дека во сестринскиот однос не им цветаат ружи, но тоа е така бидејќи се премногу поврзани една со друга.

Кога беше мала добиваше серозен ќотек, па после јас од мајка ми, открива Тијана низ смеа и додава дека и денес знаат да имаат несогласувања, па Тамара знае дури да ја избрише од социјалните мрежи.

Знае да ескалира и да ме избрише од сите можни мрежи.  Она е таа што брише, апсолутно, јас заборавам се’ за два саати. Она е во состојба да се лути пет дена, да не се јави. И ќе и се јави на мама или на тато. Им викам што направивте ,се однесувате како да имате 12, 13год. Ама тоа е така затоа што сме поврзани, како црева,таа е моја половина, тоа е многу природно и нормално, открива Тијана.

Во продолжение од видеото погледнете го целото интерву на Тијана Дапчевиќ:

Преземено од ubavinaizdravje.mk