78 -от Меѓународен филмски фестивал во Венеција официјално е затворен, а славниот пар замина за Америка.
Сигурно Џенифер Лопез и Бен Афлек беа едни од највпечатливите парови што се појавија на 78 -от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а кога зачекорија на црвениот тепих пред премиерата на „Последниот дуел“, присутните беа многу изненадени.
Светските sвезди синоќа престојуваа во овој град од бајките за да го проследат затворањето на настанот, доделувањето на наградата, но и да ги посетат знаменитостите што ги маѓепсаа.
Страста помеѓу Лопез и Афлек беше присутна цело време, а папараците ги фатија во страсни прегратки и бакнежи.
Утрово, Џенифер и Бен се подготвуваа да се вратат во Америка, а музичката sвезда ги испочитува присутните фоторепортери и публиката и избра долг, бел фустан со точки и копчиња, црни сандали и пунџа. Бен беше помалку имагинативен, а покрај морнарската кошула, носеше и темни фармерки.