Ако сте обожавател на Џејмс Бонд, најпознатиот таен агент во светот, тогаш треба да бидете среќни бидејќи новото продолжение конечно ќе пристигне во октомври. Филмот „Не е време за умирање“ со Даниел Крег конечно пристигнува
Во „НЕ Е ВРЕМЕ ЗА УМИРАЊЕ“, Бонд ја напушта службата и ужива во мирниот живот на Јамајка.
Неговиот мир нема да трае долго, кога се појавува неговиот стар пријател од ЦИА, Феликс Литер, кој бара помош од него.
Мисијата во која треба да го спасат киднапираниот научник ќе испадне многу посложена од очекуваното и ќе го натера Бонд да го пронајде мистериозниот негативец кој е вооружен со нова, опасна технологија.