Оние кои се грижат за своето здравје со задоволство ќе се засладат со оваа сирова торта
СОСТОЈКИ:
- 1 чаша (250 ml) бадемово брашно
- половина чаша кокосов протеин
- 3 лажици мед
- 1 лажица кокосово масло
- 10 урми
- вода
- 150 гр јагоди
- сок од половина лимон
- 1/3 чаша ореви
- 1/3 чаша кокосово брашно
- 1 лажица кокосово масло
- лажица сок од лимон
Подготовка:
Направете ја долната кора. Ставете бадемово брашно, кокосов протеин, мед, кокосово масло во блендер. Изблендирајте и притиснете во плех за печење. Ставете го во фрижидер.
За филот, ставете јагоди или малини во блендер, урми што претходно биле натопени во вода 10-15 минути, сок од половина лимон. Измешајте, и ставете ја смесата над долната кора.
Направете ронлива смеса, која ќе ја ставите врз филот, со блендирање на кокосов протеин, ореви и лажица сок од лимон.
Посипете со фил, ставете го во замрзнувач два часа да се стегне.