Трансформацијата за која сите зборуваат: Не, ова не е Памела Андерсон, туку нејзина британска колешка

popara9 мај, 202115min0
1457480

Актерите Лили Џејмс и Себастијан Стен, за новата серија „Пам и Томи“, се претворија во славна двојка од 90-тите, Памела Андерсон и Томи Ли, а шминкерите завршија толку добра работа што малкумина би се сомневале дека тоа не е познатата Памела.

Хулу ги објави првите слики на Лили Џејмс и Себастијан Стен, маскирани во поранешната двојка која ги наполни колумните на весниците во 90-тите со бројни афери.

На прв поглед, малкумина би се посомневале дека на фотографијата не станува збор за позната русокоса која се прослави со улогата на спасителка во „Baywatch“ и лошиот рокер, тапанарот на групата „Motley Crew“.

‘Моите колеги, Себастијан и Лили, се многу покул од мене. #PamandTommy ‘, објави на Твитер Сет Роџен, кој го игра Ренд Готје во серијата, човекот кој го украде и го продаде нивниот познат домашен филм.

Роџен е исто така извршен продуцент заедно со креативниот партнер Еван Голдберг. Во серијата играат уште Ник Оферман, Тејлор Шилинг, Ендру Дајс Клеј, Пепи Сонуга, Спенсер Гренез и Можан Марно.

Британската актерка Лили Џејмс сподели нови слики од серијата на својот Инстаграм со цитат од Памела Андерсон: ‘Одлично е да се биде русокоса. Многу е лесно да ги изненадите луѓето кога имаат мали очекувања’.

Себастијан Стен исто така се огласи на социјалните мрежи за да му оддаде почит на Томи Ли, споделувајќи фотографија од него во костум со цитат од рокерот: ‘Не престануваме да играме затоа што старееме, старееме затоа што престануваме да играме.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma