Тренерот кој јаде секојдневно во Мекдоналдс објасни дека сèуште слабее

popara5 јуни, 20211min0
a858bfa4-47ce-4a51-b6b6-e77414c57439

Иако многумина претпоставуваат дека уживањето во брзата храна е најлошото нешто што можете да го направите доколку сте на диета, личниот тренер Оисин Мулиган тврди дека веќе две недели ужива во храната на Мекдоналдс секој ден, но сепак успева да изгуби тежина.

Документирајќи го својот план за губење на тежината на TikTok, фитнес инструкторот објасни како успева да ужива во храната, но и да ги постигне своите цели.

Во првото видео од серијата, тој рече: “Ова го правам за да го отстранам стравот од храната. Ниту еден вид храна сама по себе нема да ве натера да се здебелите – дури и ако таа храна е Биг Мек од Мекдоналдс.”

Имено, на почетокот на експериментот, Оисин тежел 82,1 кг и изгубил 1,7 кг за 11 дена.

Објаснувајќи како успеал да ја изгуби тежината, Оисин рече: “Јас се држам до дефицитот на калории. Во основа, нашето тело согорува многу калории на ден и ако јадете само малку помалку од вообичаеното, без оглед што јадете, ќе ги изгубите килограмите “.

За да го докаже тоа, секој ден одел во популарниот ланец брза храна, но се погрижил и да направи 10.000 чекори на ден.

“Сите диети работат со создавање на дефицит на калории – но повеќето го прават тоа со ограничување на целни групи на храна, како што се јаглехидратите. И ќе повторам, ограничувањето доведува до неуспех”, забележа тој.

Иако не ги советувал своите клиенти да јадат нездрава храна на дневна основа, Оисин сакал да ја оспори идејата дека Мекдоналдс е „лош“.

Тој заклучи: „Луѓето чувствуваат страв од одредена храна или се чувствуваат како да не можат истовремено да ја консумираат храната што ја уживаат и да ослабат“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma