Тревис започнал да лета на 12-годишна возраст, а на 14-годишна возраст станал најмладиот пилот на британската едрилица
18-годишниот пилот го собори Гинисовиот рекорд и стана најмладата личност која самостојно летала околу светот.
Тревис Лудлов од Аибстон во Бакингемшир слета во Холандија во вторникот. Тој патувал 44 дена и за тоа време поминал неверојатни 40.972 км.
Тој е само 13 дена помлад од претходниот рекордер.
„Ова е многу чудно чувство, пристигнав и утре немам за што да се грижам“, рече Тревис.
Тревис започнал да лета на 12-годишна возраст, а на 14-годишна возраст станал најмладиот пилот на британската едрилица.
Тој прелета над Европа, преку Русија и Америка, со Цесна 172Р во 2001 година, пред да се врати преку Канада, Гренланд и Исланд.
Претходниот рекордер Мејсон Ендрус, од Луизијана, го заврши летот во 2018 година.
„Тоа е навистина најопасната и најтешката работа што можете да ја направите со еден мотор“, рече Ендрус, потсетувајќи се на неговиот подвиг.
Тој рече дека Тревис има светла иднина, пишува Би-Би-Си.
– Светските рекорди се направени да бидат соборени. Имав рекорд. Со држење на рекордот, јас не добивам ништо, па затоа сум повеќе од подготвен да го предадам факелот на следната генерација – рече тој.
Сега е потврден рекордот на Тревис и тој доби потврда дека го соборил Гинисовиот рекорд, а неговиот план е да го сруши рекордот во летање со електричен авион.
Неговото семејство е многу среќно за неговиот успех.
– Ни олесни што тој конечно дојде дома, сите сме пресреќни поради неговиот успех – рече неговата мајка.