Кога станува збор за техники на заведување и флертување, важно е да се одржува контакт со очите – тоа ни го кажува психологијата – а на социјалните мрежи кружи видео со објаснување како да се „изведе“ погледот со кој ќе ја заведете симпатијата.
Велат дека контактот со очите е неопходен кога сакаме да привлечеме нечие внимание и да ја натераме личноста што ни се допаѓа да се заинтересира за нас. Флертувањето често започнува со интензивен поглед, и постои еден трик кој се однесува на тоа како гледаме на личноста што ни се допаѓа. Всушност, резултатите од бројните студии укажуваат дека очите, т.е. погледот, се првото нешто што мажите го забележуваат кај жената.
„Psychology Today“ пишуваше зошто погледот го зголемува степенот на привлечност. “Секрецијата на окситоцин го продлабочува контактот со очите, а со тоа се зголемува и привлечноста. Окситоцинот влијае на проширувањето на зеницата, што укажува на интерес; колку е поширока зеницата, толку е поголема привлечноста”.
@sophieroselloyd Most popular questions in my comments answered!
♬ The Magic Bomb (Questions I Get Asked) [Extended Mix] – Hoàng Read
Една корисничка на социјалната мрежа Тикток, Софи Роуз, откри дека има трик за погледот што моментално може да дејствува на оној што ве интересира. Нејзиното видео во кое го објаснува тоа веќе има повеќе од 808 илјади прегледи. Сепак, таа истакнува да го пробате ова со некој што навистина ви се допаѓа, и мислите дека и вие сте и симпатични на таа личност, бидејќи тоа можеби нема да влијае на некого кој го гледате прв пат.
Покрај тоа, важно е да разговарате еден-на-еден со таа личност, бидејќи ако сте во група, тие можеби нема да ве забележат.
Како изгледа тој поглед:
погледнете ја симпатијата во левото око
погледнете надолу до усните/брадата
кренете го погледот до десното око
@sophieroselloyd Hehe
♬ original sound – 😎
Ова трае неколку секунди, и, всушност, според неа, тоа не е класичен трик, туку покажување наклонетост и позитивен начин на комуникација.