ТРИК ОД 2 СЕКУНДИ КОЈ ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ: Ја отстранува влагата и бактериите за момент!

popara21 март, 20211min0
GettyImages-187845213

Наједноставниот трик кој значи многу за долговечноста на машината за перење!

Машината за перење е еден од омилените апарати за домаќинство, го скратува извршувањето на домашните работи – додека „врти“, вие правите други, поважни или позабавни работи!

Сепак, машината за перење може да се расипе, било да е стара или нова, најчесто поради неправилна употреба. Сега, научник кој работи со производители на машини и детергенти откри што ќе ѝ го продолжи животот!

Сигурно сте чуле за триковите за блескаво бело перење, како и за причината зошто секогаш треба да ја држите вратата на машината отворена, а сега научникот Џенифер Ахони објасни што друго треба да се направи.

Садот за детергентот, омекнувачот и избелувачот, исто така, треба да се остави отворен по употребата на машината! Во него се истура детергент во прав, што може да остави грутки, но и течни средства што нема да испарат „сами по себе“. Сè што треба да направите после перењето облека е да ја отворите и таа врата, не ви требаат ниту две секунди за тоа!

„Многу е важно да не се занемари ниту тој дел од машината. Повеќето луѓе знаат дека вратата на барабанот треба да се отвори така што влагата, во која цветаат бактериите и мувлата, може да испари. Но, повеќето забораваат на делот за детергент. Може исто така да ја собира преостаната влага што е погодна за развој на бактерии и мувла“, рече таа.

Ахони повтори дека најдобриот начин машината да трае долго време е редовно одржување, вентилација и употреба на вистинската доза на детергент и омекнувач.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma