УШТЕ ЕДНА ПРИДОБИВКА ОД ПОПУЛАРНАТА ЕСЕНСКА НАМИРНИЦА! Масло од тиква за топ форма

popara28 октомври, 20211min00
385831_x2_f

Есента е идеално време за уживање во различни специјалитети од тиква бидејќи оваа храна лесно се комбинира со месо, овошје или зеленчук.

Тиквата е одличен извор на витамини А и Ц, како и на калиум, па е одличен диуретик и се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со бубрезите. Нејзините семиња се богати со протеини, цинк, магнезиум и железо. Она што многумина не го знаат е дека маслото од тиква е одличен додаток на маските за коса, особено против првут, а помалку е познато дека е ефикасно и за слабеење.

Ова масло го забрзува исфрлањето на токсините од телото бидејќи го забрзува метаболизмот, а исто така помага и за намалување на тежината и целулитот.

Ако сакате да пробате диета со масло од тиква, користете само ладно масло, бидејќи кога ќе се загрее се губат сите корисни материи и нема да има ефект.

Нутриционистите ве советуваат да земате масло од тиква на кој било од следниве начини:

Ако можете да испиете една лажичка масло наутро на празен стомак, тогаш направете го тоа. По 15 минути, можете да појадувате без строги ограничувања за храна.

Ако не можете да го поднесете вкусот на чистото масло, измешајте една лажичка масло со мед.

Ако не сакате да пиете масло, па дури и мед, користете го за подготовка на салати од зеленчук и месо (пилешко, мисирка, ослиќ).

– Со утринските дози масло и лесни оброци во кои ќе ја додавате оваа намирница во текот на три недели, треба да изгубите помеѓу четири и пет килограми. Пијте до два литра течност (вода, до две незашеќерени кафиња, чај за детоксикација од коприва, цедени сокови). Шетајте колку што можете повеќе, особено после ручекот – советуваат нутриционистите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma