Утринска навика која ја имаат сите и е најопасна за здравјето на жената

popara1 јуни, 20211min0
утринското кафе најопасно

Опојниот мирис на најпопуларниот пијалок во светот и кофеинот што го содржи се најдобриот начин да се започне денот. Или можеби не ?

Станување од кревет, тетеравење до кујната, правење кафе, бањање, испивање на првата голтка кафе – и дури тогаш многумина од нас всушност почнуваат да се будат. Овој пијалок е еден од најпопуларните во светот со причина, но треба да го знаеме времето и мерката за да работи во наша корист.

Зошто пиењето кафе рано влијае лошо на жените ?
Студија објавена во дигиталното издание на библиотеката на Американскиот национален медицински институт покажа дека кафето на празен стомак, особено кај жените, лошо влијае на здравјето.

Заради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во организмот е највисоко наутро кога ќе се разбудиме и најниско навечер кога ќе заспиеме.Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисоко, ги нарушува хормоните во телото и го нарушува деноноќниот ритам. Кортизолот лошо влијае на овулацијата, хормоналната рамнотежа и тежината – објаснува нутриционистот и доктор Карлин Розенблум.

Потрошувачката на кофеин кога нивото на кортизол е највисоко поттикнува на зголемено лачење на кортизол. Иако сè уште не е објаснето зошто тоа се случува, ние веруваме дека кафето влијае на одредени витамини и минерали во организмот – заклучува д-р Розенблум и предупредува:

Кортизолот, како и сите други хормони, е неопходен за функционирање на организмот, но проблемот се јавува кога сме постојано под стрес и кога телото постојано го лачи. Ова може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и отпорност на инсулин.

Покрај стимулирање на дополнителното лачење на кортизол, кафето на празен стомак може да предизвика дигестивни проблеми и да го зголеми нивото на киселина во желудникот. Ако имате проблеми со стомакот, добро е да знаете дека ладното кафе е 70% помалку кисело од топлото.

Кога да го испиете првото утринско кафе?
Ако станете околу седум наутро, најдобро е да го испиете првото кафе помеѓу 9.30 и пладне – кога нивото на кортизол е природно ниско. Се разбира, важно е да се јаде пред тоа.

Поради киселоста на кафето, добро е да се јаде храна богата со калциум, како бадеми, јогурт или чиа семе, кои ја неутрализираат киселоста, советува Розенблум. Ако пиете кафе во ова време, ќе го добиете потребниот поттик и енергија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag