Дуа Липа беше со своето момче Анвар Хадид на роденденска забава со пријатели во Калифорнија и не успеа да се скрие од папараците.
25-годишната Дуа Липа, чии родители се од Косово, е една од најголемите светски поп-sвезди, па папараците го следат секој нејзин чекор.
Пејачката е снимена со своето момче, музичарот Анвар Хадид (21) кој е брат на светски познатите модели Бела и Џиџи Хадид. Дуа и Анвар беа на роденденска забава со пријатели во Калифорнија и беше очигледно дека таа премногу испила.
Липа одеше претпазливо и полека додека Хадид и беше поддршка и ја држеше за рака, криејќи го лицето од папараците. Пејачката, која е позната по своите секси изданија, беше во фармерки, топ и патики.
Инаку, Дуа и Анвар се заедно скоро две години, а прво ја криеја нивната врска додека сега споделува заеднички фотографии на Инстаграм каде ја следат 67,9 милиони луѓе.
Гласините дека тие се заедно се проширија во јуни 2019 година кога протекоа снимки на кои го слават неговиот роденден. Пред него, Дуа беше во врска со готвачот Ајзак Кару пет години.