ВАКА ИЗГЛЕДА КОГА НАЈБОГАТАТА ПЕЈАЧКА ОДИ ВО ШОПИНГ: Купува само луксузни недвижности! (ФОТО)

22 април, 2021
242367_rijanaa_ff

Новата вила на Ријана, сместена веднаш до куќата што ја купи пред три месеци, го одзема здивот и од надвор и од внатре

Ријана (33) уплатила 10 милиони долари за нова вила со базен во луксузното одморалиште Беверли Хилс во Калифорнија!

Пејачката, која важи за најбогата дама во светот на музиката, не ја крие љубовта кон добрата и вредна недвижност, а новата вила што ја купи е веднаш до луксузната куќа што ја купи пред само три месеци и која ја плати скоро 14 милиони долари.

Ријана купи куќа изградена во 1930-тите години пред да биде понудена дури и на пазарот, а има простор за живеење од 325 квадратни метри.

Внатре има 4 спални и четири бањи, а покрај ентериерот, вилата на пејачката маѓепсува и со луксузен екстериер – градина полна со зеленило, голем базен со простор со мебел за градини за уживање во сончевите денови.

Покрај овие две вили, Ријана поседува луксузна куќа во Холивуд Хилс вредна скоро 7 милиони долари, како и скапа вила во родниот Барбадос. Нејзината „главна“ резиденција во која живее моментално е сè уште стан во ексклузивната станбена зона на векот во Лос Анџелес, за која платила нешто повеќе од 5 милиони долари.

escort - Korsan taksi