Можат да бидат опасни по здравјето
Со цел да се грижиме за хигиената, честопати правиме некои работи сосема погрешно.
Луѓето генерално мислат дека дека правилно користат одредени предмети, се додека не се појават негативни ефекти, односно последици.
Она што не го знаеме е дека понекогаш дури и најобичните предмети од нашиот дом можат да му наштетат на нашето здравје.
1. Пластични садови
Садовите изработени од цврста пластика се означени со „7“ или „pc“ (поликарбонат), а исто така може да содржат и BPA (бисфенол А). Оваа хемикалија може да предизвика неколку ендокрини пореметувања, од неплодност до проблеми со простатата.
Кога купувате нови садови, проверете дали имаат ознака BPA или одлучете се за стакларија и порцелан, кои се најбезбедните опции.
2. Стапчиња за уши
Експертите посочуваат дека употребата на стапчиња за уши не е неопходна, туку дека е доволно внимателно да ги избришете ушите со крпа после туширање. И покрај ова, повеќето луѓе се уште ги користат, туркајќи ги длабоко во увото, што може да доведе до повреда.
Церуменот (ушната маст) има своја посебна улога, а тоа е заштита на ушниот канал од прашина и нечистотија. Ако премногу притиснеме со стапчето за уво, може да го оштетиме тапанчето, па дури и да ризикуваме да го загубиме слухот.
3. Антибактериски сапун за раце
Особено сега за време на пандемијата, употребата на сапуни и антибактериски средства за чистење на рацете е пренагласена. Сепак, не сите антибактериски сапуни се добри: згора на тоа, експертите веруваат дека не постојат конкретни докази дека ги убиваат сите бактерии. Некои состојки што се наоѓаат во овие сапуни, како што е трилоксан, можат да предизвикаат отпорност на бактерии. Наместо тоа, обидете се да ги миете рацете што е можно почесто со обичен сапун и млака вода. Само тогаш ќе бидете сигурни дека вашите раце се чисти.
4. Сунѓер за туширање
Иако е сигурно дека сунѓерите и мрежите за миење тело го отстрануваат површинскиот слој на кожата, односно мртвите клетки, факт е дека тие претставуваат вистинска почва за бактерии. На нив се собираат бактерии, кои ќе ги вратите на себе за време на следното туширање.
Советот е по секое туширање внимателно да ја измиете мрежата што имате намера да ја користите повторно.
5. Брусхалтер
Секоја жена има барем еден брусхалтер во плакарот кој станал „истрошен“. Проблемот со ваквите градници е што тие даваат помала поддршка на градите, што може да доведе до болки во грбот. Со самото тоа кај старите градници, жиците често паѓаат, што создава прилично непријатна положба.