ВЕ МАЧАТ ЧЕСТИ ГЛАВОБОЛКИ? Направете домашен мелем кој ќе ви го реши овој проблем!

popara15 јули, 20211min0
422305_usi_f

Досадните главоболки можат да бидат причина за разни проблеми, но и индикатори за замор, стрес и други работи. Веројатно е дека секој од нас во одреден момент се обидел со домашните бабини рецепти да ги излечи или барем малку да ги ублажи симптомите

Важно е да се напомене дека во одредени ситуации, природните алтернативи и домашните лекови нема да бидат доволни и дека е потребно навремено да се препознае кога настинка или благ вирус се претвори во нешто посериозно и соодветно да се побара медицинска помош. Исто така, ако веќе земате одредена терапија, од здравствени причини, не експериментирајте со разни билни препарати и додатоци самостојно, без претходно да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.

Ако се борите со главоболки, обидете се да си помогнете со овој едноставен мелем.

Состојки:

  • 1/4 чаша кокосово масло
  • 20 капки есенцијално масло од слатко нане
  • 12 капки есенцијално масло од лаванда
  • 10 капки есенцијално масло од темјан

Подготовка:

1. Истурете кокосово масло во сад и ставете го на пареа, па мешајте додека не се раствори целосно.

2. Кога маслото ќе стане течно, тргнете го садот од оган и додадете ги миризливите есенцијални масла.

3. Истурете ја смесата во сад од некоја крема и оставете да се излади најмалку еден час.

4. Да се ​​чува на собна температура затоа што е премногу цврст за во фрижидер и затоа е потежок за употреба. Нанесете го маслото на задниот дел на вратот и зад ушите, бидејќи тоа се областите каде мелемот брзо се апсорбира.

Забелешка: Ако главоболката не престане, консултирајте се со лекар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma